Вработен во болницата е повреден синоќа во болницата „8 Септември“, откако бил прободен со нож, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи соопштува дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болница, бил повреден откако бил прободен со нож од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болница.
Според соопштението, напаѓачот претходно агресивно се однесувал кон вработен во болницата во ходникот.
На местото на настанот се пристигнати полициски службеници, додаваат од МВР.