Иранската државна телевизија ја прекина програмата: Израелците го убија нашиот генерал во воздушен напад! Нови детали за смртта на Мусави (ФОТО)

Висок воен советник на Иранската револуционерна гарда беше убиен денеска во израелски воздушен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Генералот Сајед Рази Мусави, наводно, бил задолжен за координација на воениот сојуз меѓу Сирија и Иран.

Иранската државна телевизија ја прекина својата редовна информативна програма за да објави дека Мусави е убиен. Мусави беше опишан како еден од највисоките советници на ИРГЦ во Сирија. Телевизијата објави дека Мусави бил меѓу соработниците на елитниот командант Касем Сулејмани кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека убиството на Мусави ја покажува слабоста на Израел.

Рази Мусави

– Овој чин е знак на фрустрацијата на ционистичкиот режим и неговата слабост во регионот – го цитираат иранските медиуми Раиси, додавајќи дека Тел Авив „сигурно ќе плати“ за тоа.

Иранската револуционерна гарда објави дека „Израел ќе настрада“ поради убиството на бригадниот генерал Мусави.

Израелската армија не го коментираше случајот.

Иран испрати неколку стотици членови на ИРГЦ во Сирија за да обучуваат и организираат илјадници шиитски борци од Ирак, Авганистан и Пакистан за да и’ помогнат на владата во граѓанската војна. Борците од либанскиот Хезболах тесно соработуваа и со иранските воени команданти во Сирија.

Иранската револуционерна гарда, да потсетиме, неодамна објави дека двајца нејзини офицери биле убиени во Сирија.

– Мухамед Али Атаи Шурчех и Панах Тагизадех беа мачени додека беа на советодавна мисија во Сирија – соопшти ИРГЦ и го обвини Израел за нивната смрт.