Иран ги информираше САД дека нивните напади против Израел ќе бидат „ограничени“ и во самоодбрана.
Како што пренесуваат странските медиуми, пренесува Телеграф, изјавил министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабдолахиан.
Тој додаде дека Иран ги известил соседите за нападите 72 часа однапред.
„Ги информиравме нашите пријатели и соседи во регионот дека одговорот на Иран против Израел е сигурен, легитимен и неотповиклив“, рече Амирабдолахиан во изјава за печатот.
Во меѓувреме, високи арапски претставници стравуваат од „луда“ реакција на Бенјамин Нетанјаху.
Двајца високи арапски претставници велат дека се загрижени дека Нетанјаху може да го искористи моментот за да започне поширока војна со Иран.
Според Скај њуз, функционерот има директно знаење за преговорите меѓу Израел и Хамас за Газа и израелските заложници.
Запрашан дали очекува Израел да одговори, друг висок функционер од друга регионална земја рече: „Не би бил изненаден ако се обидат да направат повеќе“.