Иран: Можно е да се отвори втор фронт против Израел доколку продолжат злосторствата во Газа

– Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир-Абдулахијан изјави дека е можно да се отвори нов фронт доколку продолжат воените злосторства на Израел против Газа.

Абдулахијан го посети Ирак, а потоа отпатува за Либан и за новинарите на аеродромот во Бејрут даде коментар за израелските напади врз блокираната палестинска Газа.

„Дојдовме во Бејрут, заедно со другите муслимански земји, да кажеме гласно дека повеќе нема да толерираме израелски убиства на луѓето во Газа“, рече Абдулахијан.

Тој додаде дека Иран ќе продолжи силно да ги поддржува Палестинците.

„Некои западни претставници прашаа за можноста за отворање нов фронт против ционистичкиот режим на Израел. Реков дека ако ционистите продолжат да вршат воени злосторства, секоја можност постои на страната на отпорот“, рече тој.

Во рамките на своите контакти во Либан, Абдулахијан денес ќе се сретне со премиерот Неџиб Микати, претседателот на Парламентот, Небих Бери, и неговиот либански колега Абдала Бухабиб.