Иран најави одмазда: За секој напад во Сирија ќе ви возвратиме и тоа дупло!

Официјален Техеран соопшти дека неговите сили и сојузничките борци се во Сирија на барање на сириските власти, што американските сили го сметаат за окупација.

Портпаролот на иранската служба за безбедност изјави дека Иран ќе даде брз одговор на еден од најсмртоносните американски воздушни напади врз позициите на проиранските сили во Сирија, во кој загинаа 19 лица.

– За секој напад извршен во Сирија под изговор за борба против тероризмот и Исламската држава, ќе има соодветен одмазднички одговор – изјави Кејван Хосрави, портпарол на иранската служба за безбедност, се наведува во извештајот на полуофицијалната иранска Агенција Nurnews, пренесе Ројтерс.

Официјален Техеран соопшти дека неговите сили и сојузничките борци се во Сирија на барање на сириските власти, што американските сили го сметаат за окупација.