ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО БЛОКИРА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ !? Висок командат со порака до САД: “Веќе се заробени во Црвеното Море, а сега портите на Гибралтар ќе бидат затворени“

Командантот на Револуционерната гарда на Иран, Мохамад Реза Накди, се закани дека ќе го затвори Средоземното Море доколку САД и нивните сојузници продолжат да „вршат злосторства“ во Појасот Газа.

САД и нивните сојузници наскоро ќе видат затворање на Средоземното Море и Портата на Гибралтар, како и другите водни патишта“, изјави Мохамад Реза Накди, пренесуваат медиумите.

Мохамад Реза Накди, сепак, не објасни како Техеран може да го направи тоа.

Иран застана на страната на Хамас во конфликтот против Израел и ги обвинува САД за поддршка на „израелските злосторства“ во Појасот Газа.

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море поради израелската офанзива во Појасот Газа, поради што некои бродски компании ги сменија маршрутите.

Белата куќа во петокот објави дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето на операциите против комерцијалниот брод во Црвеното Море.

Иран нема пристап до Медитеранот и не е јасно како иранскиот корпус на револуционерната гарда би можел да го затвори.

Мохамад Реза Накди зборуваше за „раѓање на нови сили на отпорот“ и затворање на други водни патишта.

Вчера Персискиот залив и Ормускиот теснец им станаа ноќна мора, а денеска се заробени во Црвеното Море“, изјави Мохамад Реза Накди.

Единствените проирански групи во Медитеранот се либанскиот Хезболах и неговите сојузнички милиции во Сирија.

Инаку, Техеран неодамна објави видео на кое наводно се гледа како американскиот носач на авиони го напушта Персискиот залив по блиска средба со иранските маринци. На снимката се гледа како американскиот носач на авиони на нуклеарен погон е придружуван од ракетни чамци на иранската морнарица.