Никогаш не ја јадете оваа храна од шведска маса ! Вашето омилено јадење е жариште на инфекција

Ако е пред вас шведска маса за дорушек, која храна претпочитате да ја изберете? Можеби вашата омилена храна е всушност почва за бактерии без воопшто да го сфатите тоа.

Микробиологот Џеј Тетро предупреди за храна од шведска маса што треба да ја избегнувате, а потоа откри кои опции се најдобри

Според него, би се држел настрана од пржени јајца, палачинки и житарки, но тоа не е се.

–  Не би земал џем, путер од кикирики и мармалад. Доколку таквите намази се отворени и во нив има лажица, голема е веројатноста да се контаминирани бидејќи луѓето понекогаш лошо ги мијат рацете или воопшто не ги мијат, а сите ја зграпчуваат храната со истиот прибор – откри тој и додаде дека оваа група на храна може да се придружи со мајонез, кришки лимука и преливи за салата.

Тој наведе чаден лосос, сирење или свежо овошје како безбедни опции. Историјата на шведската маса е тесно поврзана со шведската култура и традиција.

На крајот на 19 век, во Шведска стана модерно да поканувате гости во вашиот дом на одмор. За да ги задоволат гостите, домаќините беа подготвени да понудат најразлични вкусни јадења.

Но, според традицијата, сите понудени деликатеси беа ставени на масата, за секој гостин самостојно да избере што му се допаѓа.

Овој пристап го одразуваше шведскиот концепт за еднаквост и почитување на личните преференции на секој гостин. Стана популарен во целиот свет и е исклучително ценет поради неговата неформалност и избор.

Интересно е што масата на бифе се смета за форма на самопослужување, но во реалноста бара одредени вештини. Важно е да знаете дека треба да започнете со ладни предјадења и салати, а потоа да преминете на топли јадења.