Иран ја прослави 45 – годишнината од Револуцијата! Балистички проектили, палење знамиња и извици: „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“ (ФОТО, ВИДЕО)

Иран денеска ја одбележува 45-годишнината од Исламската револуција во 1979 година во услови на тензии на Блискиот Исток поради израелската војна против палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Илјадници Иранци поминаа низ главните улици и плоштади украсени со знамиња, балони и транспаренти со револуционерни и верски пароли.

Собраните во Техеран вееја ирански знамиња, извикуваа слогани и носеа транспаренти со традиционалните пароли „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

Некои палеа американско и израелско знаме, вообичаена практика на провладините собири.

Иран

Поворките започнаа од неколку точки за да се спојат на плоштадот Азади. Државната телевизија прикажа собири во многу градови и населени места, тврдејќи дека милиони луѓе учествувале на ссобирите низ целата земја.

Армијата покажа голем број од своите проектили, вклучувајќи ги и балистичките ракети Касем Сулејмани и Сеиџи и носачот на сателити Сморг, а луѓето се фотографираа со нив на плоштадот.

Иран

За време на прославата, падобранец скокнал од авионот со палестинско знаме.

Беше организирано силно обезбедување во градовите низ државата.

Иран

Годишнината доаѓа еден месец по смртоносниот напад на екстремистите на Исламската држава врз градот Керман, во кој загинаа најмалку 95 луѓе за време на комеморацијата на истакнатиот ирански генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен од американските сили во напад со беспилотно летало во 2020 година.

Иран се обиде да ги обвини САД и Израел за нападот додека израелската офанзива во Газа продолжува.

Иран

Иран изврши ракетни напади врз Ирак и Сирија. Потоа ја нападна, како што тврди, антииранската сунитска милитантна група Џаиш-ал-Адл во Пакистан.

Пакистан возврати со удари врз Иран, дополнително зголемувајќи ги тензиите во регионот веќе напнат поради војната меѓу Израел и Хамас.

Иран

Претходно во јануари, во напад со беспилотно летало загинаа тројца американски војници во Јордан, а чадор група на фракции поддржани од Иран познати како Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за нападот. САД веруваат дека Техеран е одговорен за нападот.

Иран се закани дека „одлучно ќе одговори“ на секој американски напад врз Исламската Република.