,,Ако не ја примиме Србија ќе ја изгубиме!” – Орбан: Белград ќе избере други партнери

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Србија мора што поскоро да биде примена во Европската унија, во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја изгуби оваа земја.

– Мораме да ја завршиме старата задача за проширување пред да започнеме со новото проширување со Украина. Ако Србија не ја интегрираме што поскоро, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Само што склучи договор за слободна трговија со Кина – рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, го нарече проширувањето на ЕУ со Западен Балкан „главен приоритет“ за Будимпешта за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.