Полицајка се самоуби пред сопствената куќа: Одлуката да си го одземе животот ги шокираше сите што ја познаваа (фото)

Четириесет и двегодишна жена, припадник на Полициската станица Јабланица, полициско одделение Коњиќ, утрово се самоуби пред семејниот дом, а веста за нејзината трагична смрт ги шокираше нејзините сограѓани и колеги низ БиХ и регион.

Таа инаку важеше за примерен и успешен полицаец, а нејзината одлука да си го одземе животот дополнително ги шокираше сите кои ја познаваа.

Таа со години беше дел од проектот „Безбедна туристичка дестинација“ – меѓународна полициска соработка, каде беше дел од тим полициски службеници од 10 земји за време на летната туристичка сезона на подрачјето на ПУ Сплит-Далмација во Хрватска.

Таа волонтирала и во службата за спасување на планина, а нејзините колеги, семејството и пријателите имаат само пофални зборови за неа, пренесува Аваз.

Засега не е познато што ја навело на овој чин.

Полицијата утринава во 8 часот и 5 минути ја добила веста дека се самоубила. Таа си пукала во глава со пиштол, најверојатно службен.