Ирачката група Катаиб Хезболах: Ги прекинуваме нападите врз американските сили

– Ирачката група Катаиб Хезболах, дел од организацијата Исламски отпор, соопшти дека престанала да ги нишани американските воени локации во регионот за да го „избегне срамот“ за ирачката Влада.

„Објавуваме дека ги прекинуваме воените операции против окупаторските сили (САД). Ќе продолжиме да го браниме нашиот народ во Газа со други методи“, се наведува во соопштението на групата.

Се негира дека групата е поддржана од Иран и се додава дека самата група донела одлука да го поддржи народот на Газа.

Централната команда на САД во неделата соопшти дека тројца војници загинале, а 28 се повредени во напад врз американската воена база Ал Танф во близина на границата меѓу Јордан и Сирија. Групата ја презеде одговорноста за нападот.