Ирина Шајк е доказ дека на убавицата не и требаат веѓи: Новите фотографии предизвикаа полемики на социјалните мрежи
Таа е доказ дека на убава жена и прилега се
Ирина Шајк се уште е најдоминантното име на светската модна сцена и покрај тоа што се наближува на 40.
Многу „доминираше“ над своите врсници, но и над некои помлади колешки, кои се откажаа поради преголемите естетски притисоци на наводно токсичната индустрија.
Ирина, како што кажа претходно, не бара помош од пластичен хирург или нутриционист, туку ужива во својата слобода. Таа успеа да собере милиони со својата генетска убавина и силната работна етика, а моментално есенските денови ги поминува во Милано меѓу повеќе ангажмани на Модната недела.
Шајк на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија на која се подготвува за ревијата, што предизвика реакции во јавноста – да, тоа е моќната Ири, но без веѓи, пренесува Телеграфи.
Долгата коса и зелените очи уште повеќе се истакнаа, а Ирина покажа со бојадисување на веѓите во најсветлата нијанса бидејќи на убава жена навистина сè и прилега.