Ирина Шајк позира гола пред карневалот во Рио: Се зборува дека се смирила со познатиот спортист, а планираат и нешто друго (ФОТО)

Руската манекенка Ирина Шајк го привлече целото внимание на себе откако на својот Инстаграм профил објави провокативна фотографија на која позира целосно гола.

Ирина Шајк позира гола пред Rio Carnival.jpg

Имено, Ирина моментално е во Бразил на карневалот во Рио де Жанеиро, каде е специјална гостинка, а колку е благодарна и возбудена за оваа можност изрази во описот на објавата. 

„Благодарна сум што сум дел од парадата вечерва, но и нервозна и возбудена. Ве сакам! Ви благодарам за топлото добредојде. Каква одлична можност да се биде овде и да ги славиме животот и љубовта“, напиша Ирина, додавајќи сино срце емоџи на крајот. 

Недолго потоа, се појавија серија фотографии од карневалот, каде Ирина беше претставена во провокативна, оскудна кралска сина носија која беше целосно во склад со потребите на овој настан. 

И овојпат, нејзините обожаватели побрзаа да ја поддржат и да го изразат своето восхитување во коментарите, а во медиумите ширум светот стивнаа контроверзноста поради се почестите голи појавувања на Ирина во јавноста, што многумина го поврзуваат со наводното потенцијално помирување со нејзиното поранешно момче, НФЛ спортистот Том Брејди.

profimedia0753375701.jpg

Да потсетиме дека Ирина Шајк и Том Брејди беа во врска четири месеци во 2023 година, а раскинаа во октомври истата година. Неодамна во странските медиуми се појавија вести дека тие го обновиле контактот, а извори блиски до парот тврдат дека постои можност за помирување. Изворите навеле и дека двојката размислува за заедничко патување, а Брејди и понатаму има силни чувства кон Шајк.