Исклучен крак од нафтоводот „Дружба“

Кракот на нафтоводот Дружба во правец кон Германија е затворен поради истекување во Полска, објави полскиот нафтоводен оператор PERN.

„Во саботата вечерта, системите за автоматизација на PERN открија намалување на притисокот на гасоводот Дружба во областа Ходеч, на една од двете линии на западниот дел, преку кој нафтата влегува во Германија. Преку оштетениот крак, протокот беше веднаш запре“, се вели во соопштението.Агенцијата РИА Новости.

Се додава дека втората линија од нафтоводот работи без промени и дека нема опасност по здравјето и животот на локалното население.

„Останатиот дел од инфраструктурата на PERN, вклучително и морскиот дел, преку кој нафтата што пристигнува со танкери се испумпува во Полска, а потоа во Германија, работи како и обично. Полските рафинерии добиваат нафта според распоредот“, соопшти компанијата.

Компанијата ги истражува причините за инцидентот. Нафтоводот Дружба е еден од најдолгите во светот, започнува од Алметјевск, во Татарстан, минува низ Брјанск и потоа се дели на два дела – северен (преку територијата на Белорусија во правец на Полска) и јужен (преку територијата на Украина во правец на Унгарија, Словачка, Чешка).