,,Исламските радикалисти планираат напад на Евровизија!?” – Шокантните тврдења на израелските новинари: Се огласија организаторите на Евровизија (фото)

Исламските екстремисти, според израелските новинари, планираат да извршат бомбашки напад на местото на Изборот за песна на Евровизија во Шведска следниот месец во знак на протест поради учеството на Израел, објави синоќа Дејли Меил.

Тајните новинари на еден израелски информативен канал рекоа дека стражарите во најголемата џамија во Малме (градот во кој се одржува настанот) им кажале дека терористите планирале да ја нападнат арената каде што ќе се одржи петдневниот натпревар.

Евровизија

Претставувајќи се како муслимански британски туристи, новинарите тврдат дека биле предупредени од обезбедувањето да не присуствуваат на настанот бидејќи ќе „експлодира“.

„Не оди таму, не оди таму. Ќе го кренат во воздух“, додал еден од чуварите, пренесува Дејли мејл.

Израелскиот ТВ канал Кешет 12 снимениот разговор го пријавил на организаторите на настанот, како и на шведската полиција, која сега истражува.

Портпаролот на Евровизија синоќа најави дека натпреварот сепак ќе се одржи, а во арената Малме со 15.000 седишта ќе настапат уметници од најмалку 37 земји.

Се очекува присуство на навивачи од целиот свет.