Исмејувањето на сметка на„женскиот лет во свемирот“ не престанува: „Дали Кети Пери сега е гуру?“

Откако Кети Пери се соочи со низа критики поради нејзиното патување во вселената, водителот Џо Роган сега даде свој став за неа.

Претходно на критиките се приклучија Марта Стјуарт и Емили Ратајковски, како и братот на Мајли Сајрус, Трејс Сајрус.

Во последната епизода од неговиот подкаст, Роган ја критикуваше Кети Пери и целата екипа на летот на Blue Origin, исмејувајќи го нивното кратко 11-минутно патување во вселената. Со допир на сарказам, Роган го опиша летот како „длабоко искуство“.

„Претпоставувам дека сега е гуру“, се пошегува Роган на сметка на Кети Пери, која минатиот понеделник полета во вселената со водителката Гејл Кинг, свршеницата на Џеф Безос Лорен Санчез, астронаутот Аманда Нгуен, поранешната инженерка на НАСА Ајша Боу и продуцентот Керион Флин.

Тој особено ја коментираше Пери за тоа што донела цвет на летот, симболичен гест посветен на нејзината ќерка Дејзи.

„Тоа само покажува колку беше краток летот, цветот сè уште беше жив кога се вратија“, рече тој.

Роган го доведе во прашање значењето на самата мисија, споредувајќи ја минималната обука на екипажот со ригорозниот тренинг што го поминуваат традиционалните астронаути на НАСА.

„Тие само го допреа прагот на вселената. Каква шега веднаш да ги наречете астронаути“, праша тој.

Иако призна дека е можно самиот да се обиде со пократок лет, Роган рече дека „правиот свемир“ не е за него.

„Би ги направил тие 80 милји, но не и правиот свемир“, рече тој.