ИСПЛИВАА ДЕТАЛИТЕ ОД ДОГОВОРОТ НА КОЈ СЕ СОГЛАСИ ХАМАС! Се чека ОДГОВОР НА ИЗРАЕЛ, Исламски џихад се согласи со условите!
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, на Телеграм објави дека палестинската екстремистичка организација е „блиску до постигнување договор за прекин на огнот“ , а сега се појавија деталите.
Би-би-си јавува дека Израел се уште не се изјаснил за ова прашање, но АФП ги добила деталите од договорот, кои се:
- – Петдневно примирје кое ќе вклучи прекин на огнот во копнените борби и ограничување на израелските воздушни операции над јужниот дел на Појасот Газа.
- – Палестинските екстремистички организации би ослободиле 50 до 100 заложници, израелски цивили или припадници на други националности, но не и израелски војници.
- – За возврат, 300 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, би биле ослободени од израелските затвори.
АФП цитираше неименувани претставници на Хамас и Исламски џихад, кои исто така рекоа за агенцијата дека двете организации се согласиле со условите на договорот .
Покрај тоа, Исат ал-Решик, претставник на Хамас, изјави за Ал Џезира дека преговорите се фокусирани на должината на прекинот на огнот, испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа и размената на израелски заложници за палестинските затвореници .
– Двете страни ќе ги ослободат жените и децата – рече Ел Решик.
Hamas says Israel truce is close leading to freeing of women and child hostageshttps://t.co/ffNAp9zsP2
— United Press (@Newstron360) November 21, 2023
Тој рече дека деталите од договорот официјално ќе ги соопшти Катар, кој беше посредник во преговорите меѓу Хамас и Израел.