Испливаа шокантни информации од животот на Јованка Броз: Сопругата на Тито имала тајно име, а таа често доаѓала во станот со модринки

На 20 октомври се навршија 10 години од смртта на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито. За нејзиниот живот кружеа многу теории на заговор, и додека беше жива и по нејзината смрт, а една што ја шокираше јавноста е неверојатната исповед на брачниот пар Нико и Беба Мартинец.

Според нивните тврдења, Јованка од почетокот на војната во 1941 година до крајот на 1943 година живеела во Загреб под името „Марија“ во нивната зграда на улица Соловљева бр. 19 на четврти кат.

Дека тоа е Јованка, наводно, сфатиле дури во 1952 година кога било објавено дека се омажила за Јосип Броз Тито.

Велат дека веднаш ја препознале девојката со бел тен, многу густа коса и силни нозе, која шета по улиците на Загреб.

Не знаеја дали таа престојува таму на партиска задача, но, како што им се чинеше, нејзиниот лесен начин на живот не наликува на нагласената дисциплина што партијата ја бара од своите следбеници.

Тие исто така истакнаа дека „Марија“ се гледала со италијански офицери како и со добро облечени и елегантни цивили кои не зборувале хрватски и дека често доаѓала во станот расплакана и со модрици.

Нико и Беба Мартинец тврдеа дека генералот Коста Наѓ, генералот Иван Крајачиќ Стево и Мирослав Крлежа знаеле многу повеќе за ова.