Испратени 103 авиони; Упатен итен повик: Веднаш застанете

Војската на Тајван регистрирала 103 кинески воени авиони кои се приближувале на островот за еден ден, што е рекорден број на авиони.

„Од утрото на 17 септември до утрото на 18 септември, Министерството за одбрана ги следеше активностите на вкупно 103 авиони, што е рекордна бројка во последно време и претставува сериозен предизвик за безбедноста во тајванскиот теснец и во регионот. “, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на својата веб-страница.

Тие наведуваат дека сегашните воени активности на Кина лесно може да доведат до зголемени тензии и влошување на регионалната безбедност.

„Го повикуваме Пекинг да преземе одговорност и веднаш да престане со ваквите еднострани деструктивни дејствија“, се вели во соопштението на тајванската војска, пренесува Ројтерс.

Тензиите околу Тајван, кој Кина го смета за своја територија, значително се влошија по посетата на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на островот на почетокот на август минатата година.