Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска треба да се сретне со претставници на Бугарите од Македонија. Средбата доаѓа на денот на истекот на рокот за двете бугарски здруженија „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трете“, кои мора да ги променат имињата, во спротивно ќе бидат затворени, пишува „Дојче веле“.
Темата на разговорот не е позната, но според одредбите од Законот за здруженија и фондации, сите кои нема да го почитуваат името, звањето или статутот, програмата, целите и активностите, врз основа на решението за неусогласеност донесено од Министерот за правда, откако претходно доби негативно мислење.
Министерот за правда во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на законот или до 16 март мора да донесе решение за непочитување и врз основа на тоа Централниот регистар да ги избрише.