Истокот од државата не се смирува, земјата продолжува да се тресе – нов земјотрес ги остави без сон жителите на Штип
Рано изутринава регистриран е земјотрес на 74 километри југоисточно од Скопје, поточно во Штип и околината.
Земјотресот се случил во 4 часот и 22 минути со јачина од 2,3 степени по Рихтер и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил на епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.