КАКОВ ПОТЕГ! Цел стадион застана на нозе и му аплаудираше на противничкиот играч – неверојатна сцена од фудбалски натпревар која го обиколи светот! (видео)

Голови, финти, трикови… Ова се само дел од потезите кои ги тераат навивачите да станат и да им аплаудираат на играчите на теренот. Сепак, понекогаш различен тип на потег може да ги возбуди сите присутни на стадионот. 

Токму таков момент се случи на фудбалскиот натпревар во Норвешка помеѓу Од и Бран, кога цел стадион полн со домашна публика стана и му аплаудираше на гостинскиот фудбалер Бард Фајн.

Се играло 21. минута од натпреварот кога се случил брз контра напад на Бран. Во тој момент, Бард го искористил сето тоа, ги поминал сам противничките играчи и излегол еден-на-еден со голманот, каде имал одлична шанса да постигне гол. Наместо тоа, тој застана пред голот и ја исфрли топката надвор од теренот, а причината за тоа е повреда на играч од противничката екипа. Поради овој потег, цел стадион стана да го поздрави со силен аплауз…