Историска средба! После ова веќе ништо нема да биде исто: Бајден и Си Џинпинг лице в лице на тајна локација

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Сан Франциско за првпат директно по една година ќе се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, со цел да се обиде преку разговори да ги намали тензиите меѓу двете земји.

Пред средбата на лидерите на двете велесили, аналитичарите изразија очекување дека нема да има поголем напредок за време на разговорите за прашања како што се Тајван, Јужното Кинеско Море, конфликтот меѓу Израел и Хамас, конфликтот во Украина, Северна Кореја и човековите права.

Бајден и Си пристигнаа во Сан Франциско вчера за да се сретнат на маргините на самитот на Форумот за економска соработка на Азиско-пацификот.

Високи безбедносни мерки

Двајцата лидери треба да се сретнат далеку од местото на конференцијата, на имотот Филоли, кој е на неколку десетици километри од Сан Франциско и кој беше внимателно избран за безбедносни мерки.

„Сè е подготвено за она што се надеваме дека ќе биде многу продуктивен, искрен и конструктивен разговор“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Белата куќа соопшти дека за време на средбата со Си, Бајден ќе изрази загриженост за почитувањето на човековите права и Ујгурите.