АФАД: Се очекува последователните земјотреси во погодените подрачја да траат уште најмалку две години
Екипите за уривање започнаа со расчистување на урнатините од разорниот земјотрес на 6 февруари во Туркије, додека владата и хуманитарните организации продолжуваат да обезбедуваат засолништа за граѓаните погодени од земјотресите.
АФАД: Се очекува последователните земјотреси во погодените подрачја да траат уште најмалку две години
Орхан Татар, генералниот директор на Секторот за земјотреси и намалување на ризици при турската Агенција за справување со катастрофи и вонреди ситуации (АФАД), на прес-конференција изјави дека досега се забележани вкупно 9.470 последователни земјотреси.
„Ова е нависитна голема бројка. Со друи зборови, гледаме дека не дошло до намалување на бројот на последователните земјотреси. Ова ќе продолжи уште долго, но можно е да се каже дека по одреден временски период ќе се намали и ќе заврши, но сакам да кажам дека очекуваме дека овие дополнителни земјотреси ќе траат уште најмалку две години“, изјави Татар.