Не постои магична формула за успешен брак, но научниците веруваат дека еден од факторите е добро да го познавате партнерот, а знаат и колку време е потребно за тоа.
Некои луѓе поминуваат недели, па и денови во врска и одлучуваат дека тоа е љубовта на животот, која ја крунисуваат со брак и живеат среќно до крајот на животот. Други се венчаат по една деценија врска, а набргу потоа се разведуваат.
Во неодамнешното истражување на нововенчаните парови, беше откриено колку време просечно поминуваат сопружниците заедно пред да се одлучат да го направат тој голем чекор.
Еден портал спроведе анкета на 4.000 задоволни сопружници. Испитаниците биле прашани за времето поминато со партнерите пред бракот, а просекот е веројатно подолг отколку што мислевте.
Излегува дека паровите поминуваат 4,9 години во врска пред да се венчаат.
Паровите поминуваат во просек 1,4 години (17 месеци) пред да живеат заедно. Тие потоа живеат заедно околу 1,83 години (22 месеци) пред да се свршат. Времето што го поминуваат заедно како свршени е 1,67 години (20 месеци).
Тоа значи дека вкупното просечно време на заеднички живот пред брак е 3,5 години.
Истражувањето откри уште некои интересни статистики како на пример времето кое им е потребно на мажите и жените да го кажат судбоносното „да“. Денеска жените стапуваат во брак на просечна возраст од 30,8 години, додека во 1970-тите таа бројка изнесувала 22,6 години. Кај мажите денешниот просек е 32,7 години, што е осум години повеќе од мажите кои се венчале во седумдесеттите години на минатиот век.