ИСТРАЖУВАЊЕ КОЕ ЈА ШОКИРАШЕ ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА – Големи проблеми во најмоќната европска економија: “Реално, не вреди нашата работа…“

Мнозинството Германци сметаат дека повеќе не вреди да се работи со оглед на зголемените државни субвенции, покажа истражувањето на јавното мислење објавено во вторник.

Според истражувањето на Институтот ИНСА за весникот Bild, 52 отсто од испитаниците сметаат дека не вреди работата, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Веста дека магационер од Бад Ојнхаузен во западна Германија ја напуштил работата откако дознал за најновото зголемување на бенефициите за невработеност, во понеделникот го привлече вниманието на јавноста.

илустрација

Според најновата одлука на Владата, од 1. јануари 2024 година оваа помош ќе се зголеми за 61 евро и ќе изнесува 563 евра месечно за самец. На тоа треба да се додаде фактот дека државата ги покрива сите трошоци за домување и здравствено осигурување за примателите на помош.

Магационерот кој дал отказ, тврди дека со малку „прикриена работа“ и државна помош може да заработува повеќе месечно отколку на работа.

Весникот Bild пресметал дека вработен кој работи за минимална саатница (моментално 13,90 евра) заработува околу 2.000 евра бруто, а по одбитоците за данок, пензиско и здравствено осигурување и откако ќе плати кирија и комуналии, му остануваат околу 600 евра, нешто повеќе од бенефициите за невработеност.

Повеќето од оние кои мислат дека одењето на работа повеќе не вреди се гласачи на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД). Гласачите на партиите од владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) сметаат дека работата вреди.

Министерот за финансии, Кристијан Линднер, минатата недела кажа дека бенефициите не треба да делуваат како дестимулација за оние кои сакаат да работат.

Најдобар начин за излез од сиромаштијата е да се биде вработен“, порача Кристијан Линднер.

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, кажа дека оние што одат на работа на крајот на месецот мора да имаат повеќе во џебот од оние што добиваат државна поддршка.