Истражување покажа дека цените на храната најмногу ги погоди домаќинствата, во Тетово дебата за мерките за ублажување на економската криза
Инфлацијата, односно зголемувањето на цените, најмногу ги погодило граѓаните во набавката на храна, покажа анкетното истражување „Перцепции и ставови на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Северна Македонија“, спроведено од три невладини организации. За наодите од истражувањето во Тетово денес се одржа јавната дебата посветена на ефектите од мерките за ублажување на економската криза.
Анкетното истражување покажа дека домаќинствата најмногу се чувствуваат погодени од покачувањето на цените на храната (просечна оценка од 4,47 на скала 1-5), струјата (4,39), горивата (4,12), греењето (4,09), лековите и здравствените услуги. Од 1853 анкетирани граѓани 60,4% одговориле дека на храна нивното домаќинство не може никако да штеди и не може да го скрати трошокот и да сака.
– Македонија со инфлацијата е најзагрозена во регионот. Во 2022 имаше најголема стапка на инфлација, мерките на Владата беа ад-хок. Не интересираше која е состојбата на семејствата, како семејствата се справуваат со кризата. Затоа имаме една анализа каде што се гледа како реагира едно семејство во кризна состојба. Семејствата се засегнати со потрошувачката корпа повеќе, на крајот на годината беше 50 илјади денари една потрошувачка кошница, три пати поголема од минималната плата на граѓаните на земјата, истакна Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи.
Поранешниот министер за финансии Никола Попоски оцени дека сегашната Влада не најде целосно решение како да се справи со инфлацијата и кризата.
– Мислам дека требаше поголема координација со монетарната власт со народната банка, иако има ниво на координација. Но монетарната власт постапи, како што од неа би се очекувало да ги затегнува монетарните услови да ги зголемува каматните стапки и порестриктивна монетарна политика да води за да ја намали побарувачката и со тоа и цените. Но Владата од свои причини, покрај замрзнувањето, паралелно креираше и растечки фискални политики, надворешно задолжување го зголеми. Така дефицитите ги зголеми заради потреба од заштита на разни категории на население и категории на претпријатија кои ги штитеше со субвенции како и неуспешни сектори кои ги штити земјоделие итн. Текстил. Таа влезе во тој канал на од една страна антиинфламаторни, а од друга страна проинфламаторни мерки заради политиката на заштита на одредени субјекти во економијата, без разлика производители и потрошувачи, смета Поповски.
Според Попоски министерствата за економија, земјоделие и урбанизам што ги регулираат секторите мора многу да размислат штом си дозволуваат одредени субјекти на пазарот неколкукратно да ги зголемат цените и да можат да функционира. Тоа значи дека нема конкуренција, рече тој.
– Пазарната економија не признава нереално зголемени цени цените на пазарот се објективни. Значи ако јас нешто можам да го продадам трипати поскапо од што сум го купил ќе го продадам зашто пазарните услови тоа го дозволуваат. Тоа е целта на секој стопански субјект на секој бизнис. Тоа укажува на нешто друго, дека кај нас пазарот не функционира. Кога пазарот се нарушува, пазарните сили би требало брзо да го доведат во конкуренцијата на пониски основи, но кај нас се покажа дека многу сектори, многу гранки од пазарната економија се, ако не монополизирани, тогаш олигополизирани. И во мало нарушување на пазарот можат цените да ги зголемуваат, зашто немаат конкурентност од другите субјекти за да ги намалат, објасни Попоски.
Во истражувањето според анкетираните од храната, најмногу домаќинствата ги погодиле зголемените цени на млекото и млечни производи (4,45) месо (4.42) масло за јадење (4,20) овошје и зеленчук