Анксиозноста и вознемиреноста погодуваат сè поголем број луѓе, а ако анксиозноста влијае на вашиот секојдневен живот, можеби ќе сакате да обрнете внимание на вашата исхрана. Во продолжение дознајте кои четири намирници можат да предизвикаат анксиозност.
1. Алкохол
Алкохолот го менува нивото на серотонин и другите невротрансмитери во мозокот, што може да ги зголеми симптомите на анксиозност. Кога ефектите од алкохолот ќе исчезнат, чувството на вознемиреност може да стане уште поизразено. Умереното консумирање, една до две чаши дневно, обично е безбедно доколку вашиот лекар го одобри. Наместо тоа, размислете за безалкохолно пиво. Во социјални ситуации, безалкохолните коктели (моктели) или газирана вода со ароматични адитиви можат да бидат добра алтернатива на алкохолот.
2. Кофеин
Иако утринското кафе може да биде пријатен ритуал, може да ги влоши симптомите кај луѓето склони кон анксиозност. Високите дози на кофеин може да предизвикаат главоболки, напади на паника и зголемена анксиозност. Освен во кафето, кофеинот го има и во чајот, чоколадото и некои лекови, пишува Healthline. Наместо тоа, можете да пробате смирувачки билни чаеви како нане, лаванда или маточина кои не содржат кофеин.
3. Додадени шеќери
Додадените шеќери можат да придонесат за анксиозност бидејќи предизвикуваат ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта, што може да доведе до раздразливост и анксиозност. Студија од 2018 година покажа дека консумирањето прекумерни количини шеќер го намалува производството на допамин, што негативно влијае на расположението. Покрај слатките, додадените шеќери се кријат во кечапот, преливите за салата, сосовите и житариците за појадок.
4. Рафинирани јаглехидрати
Рафинираните јаглехидрати, како што се белото брашно, тестенините, белиот ориз и содата, се поврзани со поголем ризик од анксиозност и депресија. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со рафинирани зрна може да го зголеми чувството на анксиозност. Наместо тоа, јадете цели зрна, леб и тестенини направени од кафеав ориз, киноа или леќата.