Исчезна автоматска пушка во ПС во скопски Карпош, кривична пријава против полицаец

Одделението за внатрешна контрола при МВР и Обвинителството поднесе кривична пријава против А.Д. поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената должност“.

„На 31.12.2024 година, комисијата формирана за регистрација при Единицата за внатрешни работи Карпош изврши регистрација и броење на оружјето каде надлежен бил А.Д. По извршената регистрација, констатирано е дека во ПС Карпош, сопственост на МВР, недостасува автоматска пушка“, се наведува во полициското соопштение.

Посочуваат и дека на 11 јануари имало уште една проверка и повторно било констатирано дека недостасува автоматска пушка.

АД извршил злоупотреба на службената положба“, се наведува во полициското соопштение.