Веб-страницата nestali.gov.hr објави информација за исчезнувањето на поранешната пејачка на групата Е.Т. Катарина Раутек Омазиќ. Според информациите на оваа страница, 39-годишната Катарина исчезнала вчера и се оддалечила од својата адреса на улицата Свети Дух во Загреб.
Одамна не дава интервјуа, а последното интервју го даде пред четири години кога по трет пат беше бремена. Катарина е во брак со претприемачот Јосип Омажиќ, а во претходните врски имала многу лоши искуства.
Најлошо ѝ било во врската со Крешимир Свитлановиќ кого го пријавила за физичко малтретирање и затоа не криеше колку е среќна сега со Јосип.
-Во претходните врски и бракови ми беше многу лоши но со Јосип почувствував како е некој да те почитува и да ти помага. Не гарантирам дека секогаш ќе биде така, но засега ни е супер – рече пејачката.
Во интервјуто се присетил низ кој пекол поминала откако го пријавила поранешниот партнер за семејно насилство.
– Несоница, влечење по судови, тоа е нешто страшно и не знам како воопшто го преживеав – изјави тогаш Катарина.