Италијанска манекенка ги покажа градите: Трендот на носење проѕирна облека никогаш не бил попопуларен

Италијанската манекенка Бјанка Балти го привлече вниманието со атрактивен аутфит на забавата организирана од Vanity Fair по 97-та церемонија на доделување на Оскарите.

Таа носеше креација на Fendi од колекцијата пролет/лето 2023, составена од целосно проѕирен горен дел и долго здолниште. Својот изглед го комплетираше со природна шминка и накит.

Таа претходно на Инстаграм сподели како е да се избелат косата и веѓите пред овој престижен настан.

Фото: Ројтерс

Фото: Ројтерс

Вечерва бев надвор со ангел“, изјави главниот уредник на Vogue Италија, Симоне Маркети, заедно со неколку заеднички фотографии и видеа.

Балти во септември 2024 година објави дека и бил дијагностициран рак на јајниците откако завршила во собата за итни случаи поради болки во долниот дел на стомакот. На почетокот на оваа година изјавила дека завршила со хемотерапија.

Велат „Она што не те убива, те прави посилен“, а преку сопственото искуство дознав дека она што не ме убило ме натерало уште повеќе да го сакам животот“, напишала меѓу другото.