Италијанскиот министер кој вработи љубовница во кабинетот си ја отвори душата по оставката: „Сакам да бидам со жена ми“
Откако беше објавено дека министерот за култура на Италија Џенаро Санџулијано поднесува оставка откако призна дека се обидел да вработи љубовница во неговиот кабинет, италијанските медиуми објавија и писмо што тој го испратил до премиерот и претседателот на државата.
Во писмото упатено до претседателот Матарела и премиерката Мелони, италијанскиот министер рече дека одлуката да поднесе оставка ја донел по многу размислување.
„По долго размислување, во болни денови полни со омраза предизвикана од медиумите кон мене, решив да поднесам неотповиклива оставка од функцијата министер за култура. Ви благодарам што ме браневте со вашата одлука, што веќе го одбивте првото барање за оставка и за љубезноста што ми ја покажавте, исто така, свесен сум дека го допрев „осиното гнездо“ и дека привлеков многу непријателство со тоа што избрав да го прегледам системот на придонеси во кината, барајќи поголема ефикасност“,изјави тој.
Тој рече дека како министер за култура направил многу работи и дека не може да му се оцрни работата и покрај сите обиди.
„Мојата работа не може да биде извалкана и запрена со озборувања. Институциите имаат превисока вредност и не смеат да ги почитуваат причините на поединците. Ми треба личен мир, да бидам покрај мојата сопруга која ја сакам, но пред се да имам одврзани раце за да преземам правни дејствија против оние кои ми нанесоа штета“, рече тој.
На крајот, сега веќе поранешниот министер изјави дека никогаш не злоупотребил пари од буџетот на Министерството за култура.
„Тука е загрозена мојата чест и мислам дека е важно да се дејствува и да се покаже апсолутна транспарентност. Ниту едно евро од министерството не е потрошено за незаконски активности. Тоа го кажав секаде и ќе го докажам тоа“, заклучи тој.
Да потсетиме и самиот Санџулијано призна дека се обидел да ја вработи својата љубовница Марија Росарио Боча, а целата приказна и стана позната на пошироката јавност кога на социјалните мрежи беше објавена информација за тоа како станала советничка во кабинетот.
Ова е втор скандал што го погодува Министерството за култура оваа година, откако подредениот на Санџулијано, тогашниот државен секретар за култура Виторио Сгарби, поднесе оставка во февруари, откако беше обвинет за продажба на украдени уметнички дела.