Итна реакција на Бугарија и Романија поради Путин

Бугарското Министерство за надворешни работи ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Романија и Бугарија придонеле за тензиите што доведоа до војната во Украина со поставување американски бази на нивна територија.

Путин го изјави ова во документарниот филм „Русија, Кремљ, Путин, 25 години“ , пренесува Еурактив.

„Обидите на Руската Федерација да ја префрли одговорноста за почетокот на нелегалната и неиспровоцирана војна во Украина врз други земји, вклучително и Бугарија, се целосно неприфатливи и претставуваат груба манипулација со фактите “, се вели во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи .

Во соопштението се наведува дека пристапувањето на Бугарија во НАТО е суверена одлука заснована на волјата на бугарските граѓани и легитимните демократски процеси.

„Оваа одлука е диктирана од желбата на Бугарија за трајна безбедност , стабилност и мир во регионален контекст. Зајакнувањето на потенцијалот за одвраќање на земјите-членки има за цел заштита на сојузничката територија, не претставува закана за која било друга земја и е целосно во согласност со меѓународното право “, се додава во соопштението.

Бугарското министерство, исто така, нагласи дека земјата останува цврсто посветена на своите сојузнички обврски во рамките на НАТО и принципите на Европската Унија.

На оваа изјава на Путин реагираше и Романија , а во тек е изградба на уште една голема база во таа земја, која ќе биде поголема од базата Рамштајн во Германија.