ИТНИ РАЗГОВОРИ НА ЕРДОГАН И РАИСИ: Турција и Иран размислуваат да преземат нови чекори, нападите на Израел врз Газа се НЕЛЕГАЛНИ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси телефонски разговарале за, како што соопшти кабинетот на турскиот претседател, „незаконски“ израелски напади врз Газа.
Според соопштението на Дирекцијата за комуникации на претседателот на Турција, Ердоган и Раиси размениле мислења за можните чекори што треба да се преземат за траен прекин на огнот во регионот, заедно со испораката на хуманитарна помош за палестинскиот народ , јави Анадолија.
Ердоган ја истакна важноста од заземање заеднички став на муслиманскиот свет, особено Турција и Иран, во справувањето со, како што е наведено, „израелските злосторства на палестинските територии“ , се додава во соопштението.
Тој додаде дека Анкара и Техеран ќе продолжат да работат заедно за да постигнат траен прекин на огнот и траен мир. Лидерите размениле мислења и за подготовките и агендата на состанокот на високо ниво на Турско-иранскиот совет за соработка што ќе се одржи во Турција.