– На самитот БРИКС што се одржа во Јоханесбург се разговараше за глобалните тензии кои произлегуваат од конфликтот во Украина, ескалацијата на тензиите во Источна Азија, како и можната војна во африканскиот регион Сахел по државниот удар во Нигер, соопшти Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата на самитот, укажувајќи дека африканскиот континент во моментов е дипломатско бојно поле меѓу Западот, Кина и Русија.
ИФИМЕС истакнува дека Западот, Кина и Русија се обидуваат да го зголемат своето влијание во Африка за да се натпреваруваат за суровини и ресурси.
Во анализата насловена „Свет 2023: БРИКС – Самит на де-доларизација“, ИФИМЕС нагласува дека на самитот од 22 до 24 август, како и обично, била разгледана неопходноста од реформирање на сегашниот, според учесниците, неправеден систем, со посебна осврт на потребата од големи структурни реформи на глобалниот финансиски систем во кој доминираат САД.