Институтот за јавно здравје – Скопје соопшти дека од 12 јануари досега се регистрирани 6 случаи на Ковид-19, од кои по два во Куманово, Струмица и по еден во Скопје и Кичево.
Од ИЈЗ информираат дека пациентите со КОВИД-19 се на возраст над 60 години, додека еден е на возраст од 40 до 49 години. Во текот на 2025 година до 12 јануари имало 11 заболени.
Од ИЈЗ појаснуваат дека иако бројот од КОВИД-19 е мал, со оглед на тоа што сега е период на дистрибуција на респираторните вируси, постои ризик од Сар-ков-2.
„Се препорачува да се почитуваат мерките за превенција од КОВИД-19 и други респираторни заболувања. Вакцинацијата останува како превентивна мерка“, велат од таму.