Иџе: Трократен европски шампион за мојата Македонија

 Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула во Европскиот шампионат за ридско-планински трки.

Стефановски денес беше најбрз на двете трки во Бузет, Хрватска.

– Трократен Европски Шампион за мојата Македонија, за мојот народ. Бидете горди,испишавме нова историја!!! – стои во објавата на Стефановски на социјалните мрежи.

Претходно Македонецот беше шампион во 2014 и 2015 година.