Досегашниот градоначалник на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски, од вчера, со верификација на мандатот стана пратеник. Со ова му престана градоначалничката функција.
Според Законот, бидејќи има повеќе од 6 месеци до локалните избори, Владата мора да распише предвремени избори за оваа општина.
Според информациите на Инфомакс, Тимчо Муцунски претендира за едно од министерските места во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а најгласни беа шпекулациите дека ќе го раководи министерството за одбрана.