И БЕШЕ КУМА НА КАРЛЕУША, СВРШЕНИКОТ И ГО УБИЈА: Се омажи за моќен маж и исчезна од очите на јавноста! Манекенката во 5-та деценија го роди своето второ дете (Фото)
Српската манекенка Ивана Кукриќ (44) се помалку се појавува во јавноста, а рефлекторите ги замени со семеен живот.
Ивана постигна голем успех во светот на модата, важеше за една од најубавите локални манекенки, а веќе подолго време живее во Америка.
Таа со години е во хармонична врска со црногорскиот бизнисмен Иван Бајковиќ, кој никогаш не го преставила во јавноста, а двајцата неодамна добија второ дете, а нивната прва ќерка Хана се роди во 2018 година.
– Веќе сум во брак, но не сакав да го споделам тоа со јавноста. Важно ми е да имам некоја приватност и детали кои ги чувам и ги споделувам само со моите најблиски – изјави тогаш Ивана.
„Се породив природно, породувањето беше лесно и брзо, а закрепнувањето уште побрзо. Веќе следниот ден излегов од болница. Можев да останам подолго, но немаше потреба. Породилиштето е фантастично, има приватни апартмани и наликува на хотел за жени и бебиња“, изјави Ивана и откри дека се вратила во форма еден месец по породувањето.
– Мислам дека целиот вишок беше во стомакот. За десет дена ги изгубив речиси сите килограми. Се разбира, стомакот се уште се гледа, но и тоа се враќа во нормала. Сакам здрава храна и се трудам да купувам претежно домашна храна, што во денешно време е исклучително тешко. Толку сме отруени со секакви пестициди, што стана вистински луксуз да се јаде домашна, непрскана храна – рече таа, пренесува „Нова“.
Инаку, локалната публика ја памети по улогата во спотот на Здравко Чолиќ за песната „Злосторство и казна“ и како кума на Јелена Карлеуша кога таа се омажи за Бојан Кариќ.