И ВИКТОР ОРБАН ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА УКРАИНА – “Нема поддршка за Украина додека не се вратат правата на етничките Унгарци!“

Унгарија нема да ја поддржи Украина во ниту едно прашање во меѓународните односи додека Украина не ги врати поранешните права на етничките Унгарци на своја територија, соопшти денес унгарскиот премиер Виктор Орбан пред унгарскиот парламент.

Унгарија се судри со Украина за, како што вели Виктор Орбан, ограничување на правата на приближно 150.000 етнички Унгарци, првенствено да го користат својот мајчин јазик во образовниот систем, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.

Украинците сакаат да ги трансформираат унгарските училишта во украински училишта и ако тоа не функционира, тие сакаат да ги затворат“, вели Виктор Орбан во унгарскиот парламент и додаде дека неговата Влада има намера да се бори за правата на етничките Унгарци во западна Украина.

Унгарскиот премиер изјави и дека Унгарија не брза да го ратификува членството на Шведска во НАТО, што дополнително го одложува процесот што минатата година беше инициран во унгарскиот парламент.

Членството на Шведска во НАТО не е можно без согласност на Унгарија и Турција, кои се уште ја немаат донесено таа одлука.