И Владата на Унгарија го поддржува членството на Шведска во НАТО – Виктор Орбан објави: “Ратификацијата ќе ја завршиме во парламентот во прва прилика“
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на социјалната мрежа X (Твитер) објави дека на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во телефонски разговор му рекол дека унгарската Влада го поддржува членството на Шведска во НАТО.
„Потврдив дека Владата на Унгарија го поддржува членството на Шведска во НАТО“, најави Виктор Орбан.
Премиерот на Унгарија додаде дека му рекол на Јенс Столтенберг дека ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна можност.
Јенс Столтенберг по повикот истакна дека Виктор Орбан и неговата Влада јасно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО.
„Очекувам ратификација веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Јенс Столтенберг на социјалните мрежи.
Парламентот на Турција во вторникот го одобри членството на Шведска во НАТО, оставајќи ја Унгарија како единствена членка која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска во НАТО.