И во писмото пишува – уште повеќе царини: Трамп повторно се огласи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес испрати писма во врска со царините до уште седум трговски партнери на САД – Филипините, Брунеи, Молдавија, Алжир, Либија, Шри Ланка и Ирак.

Според писмата на Трамп, царините за увоз од Шри Ланка, Либија, Ирак и Алжир во САД ќе бидат 30 проценти, од Молдавија и Брунеи 25 проценти и од Филипините 20 проценти, почнувајќи од 1 август, објави АП.

Трамп, исто така, додаде дека подоцна во текот на денот ќе објави царини за увоз од други земји.

Писмата беа објавени на социјалната мрежа „Трати“ на Трамп откако истече 90-дневниот преговарачки период, а Трамп вчера изјави дека нема да има нови продолжувања за земјите што ги добиваат писмата.

Европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, им рече на европратениците во Стразбур дека ЕУ е поштедена од зголемените тарифи содржани во писмата испратени од Трамп и дека продолжувањето на разговорите до 1 август ќе обезбеди „дополнителен простор за постигнување задоволителен заклучок“.

На 2 април, Трамп предложи царини од 20 проценти за стоките од ЕУ, потоа се закани дека ќе ги зголеми на 50 проценти, а потоа предложи почетни царини од 10 проценти.