„И двајцата ги замолив…“ Тајани разговараше со Вучиќ и Курти: Ќе се зголеми присуството на КФОР на административните премини

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со Премиерот на Косово, Албин Курти, додавајќи дека присуството на КФОР на административните премини ќе биде зголемено. .

– Италија е фактор на мирот на Балканот. Зборував со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти. И двајцата ги замолив да поттикнат дијалог меѓу двете страни – напиша Тајани на социјалната мрежа Х.