И денеска ќе се оддржи ,,Маршот за ангелите”

И оваа сабота семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ ќе излезат на „Маршот за ангелите“.

Овој протестен марш ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на Револуцијата, ќе продолжат низ Трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на нивните барања да им се придружат, а медиумите слободно да го проследат настанот.