И децата патат од анксиозност, а овие симптоми родителите треба да ги препознаат кај нив и да реагираат на време
Анксиозноста е ирационален страв или стравување од некој потенцијален настан или ситуација, а често се појавува и кај децата.
Мадура Висвесвран, коосновач на училиштето „Redwood Montessori“ напомнува дека важно е родителите да го препознаат стравот на своето дете.
Игнорирањето на стравот може да доведе до сериозни ментални проблеми во подоцнежниот период.
„Разговарајте со своето дете за неговите стравови. Нежно охрабрувајте го и поддржувајте го своето дете да се соочи со ситуациите поради кои е загрижено“, напишала таа во објавата која ја споделила на Инстаграм и додала:
„Избегнувајте да го критикувате своето дете поради стравот“.
Како изгледаат симптомите на анксиозност кај децата?
Кај децата треба да обрнете внимание на нивните изјави, како на пример:
– Не сакам да одам на училиште.
– Можеш ли да останеш со мене?
– Остави ме на мир!
– Те мразам!
– Не сакам да го правам тоа.
– Ме боли стомак.
– Никој не сака да игра со мене.