Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на гробишта, а денес создаваат историја и ја бараат вистинската љубов…
Жените кои денес имаат над 50 години се транзициска генерација, генерација меѓу старите и новите норми.
Сè уште не е јасно што треба да се прави со нас, но процесот е започнат.
Почна да се формира „пазар на понуда“, рекламирањето станува позначајно, парите ја губат својата вредност, а тренинзите за личен раст не нè учат како да ги „заведуваме“ партнерите, туку како да ги „вклопиме“ покрај себе.
Веќе не се расправаме со нашите тинејџери, бидејќи децата што до вчера беа во своите „луди години“, пораснаа, па не „војуваат“ со нас.
Нашите глави и души се преокупирани со нови работи – исто како и нашите деца, го бараме она што досега не сме го имале во животот.
Живееме во некоја паралелна реалност, а прашањето „каде ни исчезна детството“ веќе не е актуелно, бидејќи детството како да е повторно тука, го гледаме пред нас, и уживаме да го преживееме вторпат, овој пат побезгрижно.
Стандардите за убавина се менуваат.
Жените кои носат XXL облека шетаат на модните писти, во тренд се широки и лесни ткаенини, штиклите се резервирани за мазохистите, а самосвесноста се цени исто како што во младоста се ценеа цврстите гради.
Среќата се созрева. Денес никој не верува во насмеани 20-годишни љубовници, прва луда заработувачка, ниту, пак, во рани бракови.
„Целиот живот го имаш пред тебе“, ѝ велам на 40-годишна жена, скршена од болка по тежок развод.
И таа ми верува мене, а не на својата мајка, која ѝ кука „кому му требаш сега?“ и ја обресхрабрува.
Што се однесува до вечниот живот, сè уште не е јасно дали ќе го добиеме, но кој знае, можеби истите тие тинејџери што нè излудуваа до „вчера“, еден ден ќе измешаат неколку различни капки во епрувета и ќе ни сервираат уште 20-30 години живот на чинија.
Тоа што сакам да го кажам е дека треба да одите на прошетки, а не само да седите на каучот со книга, бидејќи колку е подолг животот, толку е поголема одговорноста за неговиот квалитет. Од вас зависи.