„И кога ќе заминам, ќе најдам начин…“: Објавени стихови на песна што Бора Чорба ја напишал пред неговата смрт
Фронтменот на бендот „Рибља чорба“, легендарниот Бора Ѓорѓевиќ – Чорба, почина вчера на 71-годишна возраст во Клиничкиот центар во Љубљана. Неговата состојба во последните неколку дена рапидно се влошила, поради што бил интубиран, а не долго потоа починал.
Бора и „Рибља Чорба“ подготвија нов албум наречен „Љубав или смрт“, кој беше посветен на борбата за исцелување на Бора. Желбата на Бора беше овој албум да излезе на неговиот роденден, први ноември. За жал, легендарниот музичар не дочека да го види издавањето на овој албум.
Сега во јавноста се појави дел од песна која ќе се најде на споменатиот албум „Рибља чорба“.
„I kada nestanem, naći ću način,
kad vidim da si pala u krizu,
u tvom životu da budem začin,
da ti se nađem, da budem blizu.
Pogledaj u oči našeg malog psa,
duboko u njima, sakriću se ja,
pogledaj u oči našeg malog psa.
Moram na jedan poduži izlet,
vraćam se sigurno, to nije problem,
ma to je rastanak samo na izlet,
zato bez suza kad jednom odem.“