Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска пристигна во посета на Киев.
Мишел пристигна во главниот град на Украина во знак на поддршка за Украина, која денеска одбележува 10 години од масовните протести со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Москва.
– Добро е што се вратив во Киев – меѓу пријателите, напиша Мишел Х.
На 21 ноември 2013 на плоштадот Мајдан во Киев почнаа протестите против украинскиот претседател Виктор Јанукович. По тримесечни протести, за време на кои загинаа најмалку 120 лица, а речиси три илјади беа повредени, Јанукович и парламентарната опозиција на 21 февруари 2014 постигнаа договор за формирање влада на национално единство, за спроведување на уставни реформи и за одржување предвремени избори. Уште истиот ден, Јанукович и дел од министрите во неговата Влада го напуштија Киев, по што следниот ден Врховната рада го разреши од должноста претседател и избра привремена Влада.