И покрај ‘победата’, се уште никој не може да го смири бесниот ‘горвач’! Евгениј Пригожин повторно удри по руската армија: “При заземањето на Бахмут практично никој не ни помогна!“
Основачот на руската приватна паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денес ја минимизираше улогата на редовната руска Армија во заземањето на градот Бахмут.
Во говорната порака објавена од неговата прес-служба на социјалната мрежа Телеграм, Евгениј Пригожин вели дека практично никој од армијата не им помогнал за време на заземањето на Артјомовск (Бахмут), објави медиумската агенција Reuters.
Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, претходно денеска изјави дека украинските сили делумно го опколиле Бахмут долж периметарот на градот и дека сè уште имаат контрола врз некои станбени области на градот.
Нејзината објава на социјалната мрежа Телеграм се појави набргу откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека битката за Бахмут завршила со руска победа.
Претходно, Reuters објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, на прашањето дали Бахмут сè уште е под контрола на Киев, одговорил: „Мислам дека не е така“.
„Денеска Бахмут е само во нашите срца“, рекол Володимир Зеленски и додал дека – „таму нема ништо“.
Reuters прес исто така објави дека Володимир Зеленски потврдил дека Русија ја презела контролата врз Бахмут, но неговиот портпарол подоцна тоа го демантираше.