„И покрај се, Новак ќе освои два или три слемови оваа година“

Патрик Муратоглу, поранешниот тренер на Симона Халеп и Стефанос Циципас, не е загрижен за резултатите на Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер е поразен во полуфиналето на Австралија опен, со што се понеизвесна трката за првото место на светската листа.

Новак најави дека по пет години ќе игра во Индијан Велс, на почетокот на март, а Муратоглу вели дека и покрај тоа што е без круната во Мелбурн, Ѓоковиќ сепак ќе биде доминантен во светскиот тенис.

„ Претпоставувам дека сега е премногу разочаран, но за неколку дена ќе каже „навистина беше премногу тешко“. што е притисок кога си број еден и најдобар играч на сите времиња “, вели Патрик.

Французинот е убеден дека во преостанатиот дел од сезоната се ќе си дојде на свое место во однос на формата и играта на Ѓоковиќ.

„ Затоа го имам тоа чувство. Сè уште мислам дека Новак ќе освои два или три Грен слемови оваа година “, заклучи Муратоглу.